Top Sport

Рангник сакал да го донесе Вернер на „Олд Трафорд“

Тимо Вернер би можел да биде првото засилување за Манчестер јунајтед, во ерата на Ралф Рангник, тврдат англиските медиуми.

Вернер, вниманието на големите клубови го привлече во периодот кога тренер во Лајпциг му беше Рангник. Вернер никогаш не криел дека Рангник многу му помогнал да се фокусира на својата игра и дека го научил како да ја игнорира надворешната бучава кога минувал низ тежок период во кариерата.

Вернер ја игра својата втора сезона во Челси, досега не успеа да го оправда трансферот вреден 40.000.000 евра.

Scroll to Top