Top Sport

Џошуа се уште не може да го преболи поразот од Усик

Ентони Џошуа и понатаму е лут на себе поради поразот од Олександр Усик. Британскиот боксер загуби три појаси, во ВБА, ВБО и ИБФ верзија откако во септември 34-годишниот Украинец беше подобар од него. За Џошуа тоа беше само втор пораз во кариерата.

„Знам дека можам да сум подобар од таа вечер. Полесно е тоа да го речеш отколку да го сториш, но во мојот мозок, срце и душа знам дека имам уште многу да дадам. Лут сум, а лутината расте. Мислам дека луѓето ме препознаваат како шампион, иако немам појаси околу струкот, Знам дека имам капацитет да станам шампион“ смета Џошуа кој најпрво го загуби појасот од „дебелкото“ Енди Руиз, но во реваншот успеа да возврати со иста мерка.

Џошуа, вели и дека не се оптиварува со евентуална борба против Тајсон Фјури, во иднина.

Scroll to Top