Top Sport

„Марка“: Најскапото промашување на Реал добива нереална понуда!

Белгискиот репрезентативец Еден Азар во летото 2019 година стана најскапиот играч во иисторијата кој потпишал за Реал Мадрид. Тој за 115 милиони евра од Челси се пресели кај „Кралевите“. Толкава сума пари издвоија за него сметајќи дека тој е наследникот на Кристијано Роналдо.

Две ипол години подоцна неговата вредност е шестпати помала. Не игра поради многуте повреди, во лоша форма е и има вишок килограми.

Откако дојде на „Бернабеу“ одигра само 54 натпревари

Не е тајна дека Кралскиот клуб сака да се „откачи“ од Белгиецот пред се поради големата плата, но тешко е да се најде купувач за играч со толку високи примања, а кој за еден месец полни 31 година.

Шпанска „Марка“ пишува дека за белгискиот ас доаѓа нереална понуда, и тоа од клуб од неговата татковина – Вестерло, лидер на тамошната втора лига.
Сопственикот на клубот, извесен турски бизнисмен Октај Ерчан вложува големи средства за клубот да влезе во прва лига, а претседателот на клубот изјави:

„Можам да речам дека Еден и јас сме пријатели. Кога играше за Лил ми вети дека еден ќе заигра за Фенербахче. Вестерло се чини дека е потешко да го привлече Еден, но зошто овде да не ја заврши кариерата“.

Сепак, во Реал најверојатно нема да ја заврши, барем според она што го вели актуелниот кормилар на клубот – Карло Анчелоти.

„Проблемот за Азар е што има тренер кој фаворизира други играчи“ вели Италијанецот.

Scroll to Top