Сампдорија во соработка со компанијата „Макрон“ го претстави својот нов дрес, кој е изработен од 13 пластични шишиња. Дресот првпат ќе го носат на мечот на 5 декември против Лацио.
Во акцијата наречена „Самп за луѓето“, специјалната лимитирана едиција е направена 100 отсто од рециклирана пластика. Само 1.000 од дресовите ќе бидат на продажба, додека дресовите кои ќе ги носат играчите ќе бидат поставени на аукција за добротворната организација „Апнеа академи“, која работи на чистењето на ѓубрето во морињата.
???????????? ?? ?????, ???? ? ????? ????????
Sampdoria and @MacronSports present the #SampforPeople shirt.
?⚪?⚫⚪?#Macron4thePlanet ?pic.twitter.com/w4Ci0qTQV2
— Sampdoria English (@sampdoria_en) December 2, 2021