Германските здравствени власти поради зголемниот број на заразени со коронавирусот решија да го ограничат бројот на гледачи на стадионите во Бундес лигата.
Според најновите мерки, за спортските настани на отворено, дозволено е користење на 30 до 50 отсто од капацитетот, но максималниот број на гледачи не може да биде поголем од 15.000.
За спортските настани кои се одржуваа во затворен простор, максимално е дозволено присуство на 5.000 гледачи.
За влез во спортските арени потребна е потврда за вакцинација или за прележан ковид. На борилиштата задолжително е носење на заштитна маска.
Здравствените власти не ја исклучуваат и можноста спортските натпревари да се одржуваат без присуство на публика, тоа ќе зависи од бројот на заразени во германските покраини.