Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола го „обожава“ Душан Влаховиќ и очајнички сака да го реши проблемот на неговиот тим во нападот со младата ѕвезда на Фиорентина, тврди италијанскиот весник „Ла република“.
Околу иднината на 22-годишниот Влаховиќ има многу шпекулации, откако Србинот продолжува со фантастичната голгетерска форма, а веќе одби да го продолжи договорот со Фиорентина. За него во Италија најзаинтересирани се Јувентус, но и премиерлигашите Арсенал и Тотенхем, додека шпекулациите за интересот на Сити се нови.
Актуелните англиски шампиони остануваат без вистинска „деветка“ во својот тим откако во текот на летото не успеаја да го донесат Хери Кејн од Тотенхем, а исто така многу веројатно дека ќе го загубат Рахим Стерлинг, кој е блиску до Барселона.