Top Sport

Јувентус признаа дека постои опасност да бидат исфрлени од Серија А и ЛШ!

Италијанскиот гигант Јувентус објави две соопштенија околу истрагата која се води против нив, едно за потенцијалните финансиски последици околу планот за зголемување на капиталот, но и едно за спортските аспекти од истрагата, признавајќи дека е можно да бидат исфрлени од Серија А, но и од Лигата на шампионите.

„Бјанконерите“ се под истрага за лажно сметководство, а директно под истрага се претседателот Андреа Ањели, како и директторот Павел Недвед, и поранешниот директор на клубот, Фабио Паратичи, кој сега е во Тотенхем. Гварда ди финанца, италијанската финансиска полиција минатата недела конфискуваше документи за трансферите од 2019 и 2020, вредни 50 милиони евра, по што обвинителството во Торино отвори официјален случај.

Јувентус потврдија дека на 24 ноември, обвинителот на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) побарал предавање на финансиските документи за трансфери на одредени фудбалери, а Јуве потврдија дека под истрага е и трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед направен ова лето.

„Компанијата верува дека претрагата и запленувањето на документи и вестите за истрага од јавите обвинители, не значи утврдување на вината. Но, постои ризик менаџерите да ги протолкуваат вестите за исполнување на условите за повлекување на своите средства“, се вели во првата објава.

Ова значи дека дел од акционерите на Јувентус можат да се повлечат од зголемувањето на капиталот, што претставува внесување на свежи пари во клубот, и во најлош случај ова ќе значи наместо 400 милиони евра, 250 милиони евра за клубот.

Во второто соопштение, Јувентус ги коментира можните спортски последици ако се утврди вина.

„Ако исход на истрагата биде обвинение и пресуда, тогаш може да има значително негативно влијание на репутацијата, економската ситуација, и финансиската ситуација на групата. Финансискат аказна би била од 100.000 до 900.000 евра. Спортските последици можат да бидат негативни, што значи отстранување на Јувентус од националните и интернационалните натпреварувања“, се вели во второто соопштение.

Scroll to Top