На Макс Ферстапен очигледно не му се допаѓаат прашањата за неговиот возачки стил, откако холандскиот пулен на Ред бул јасно посочи дека „би можел да удри некого со глава“ ако добие уште некое прашање.
Ферстапен по брилијантната сезона 2017 има доста проблеми оваа година, вклучувајќи повеќе судари, како на последната трка во Монако, каде што стартуваше како последен по судирот на тренинг. Пред Канадското ГП во Монтреал, Ферстапен беше директно запрашан: „Зошто само се удираш?“.
„Не знам. Како што кажав на почетокот, веќе ми е мака од овие идентични прашања. Ако продолжат, можеби ќе треба да удрам со глава некого“, изјави Ферстапен.
Од друга страна, во исто време, поранешниот Ф1 возач, Фелипе Маса вели дека Ферстапен е совршен пример како возачите пребргу доаѓаат од пониските категории во Ф1. Холанѓанецот помина една сезона во Ф3 пред во 2015 да влезе како тинејџер во Формула 1 со тимот на Торо росо.
„Се забележува дека менталитетот е да се оди најбрзо што се може во Ф1 шампионатот. Мислам дека се потребни повеќе настапи во помалите серии за да добиете искуство. Ферстапен ги инспирираше сите, и треба да им објасниме на децата и на родителите дека постои право време за Ф1“, изјави Маса, кој сега е комесар на ФИА за картинг трки.
Should Max Verstappen change his approach? Here are Verstappen’s 2018 crashes! pic.twitter.com/i9m2qL5N16
— LAT Images (@latimages) May 29, 2018