Лионел Меси му признал на својот близок пријател Луис Суарез дека „страда“ на студените температури во Франција, само четири месеци по неговото заминување од Барселона.
Меси мораше да си замине од клубот каде што ја помина целата професионална кариера поради финансиските проблеми на Барселона, приклучувајќи се на ПСЖ како слободен играч, и иако клубот е убедливо прв во Франција и веќе во осминафиналето на ЛШ, работите не одат најдобро за него.
Тој има 4 гола во 11 меча и проблеми во адаптирањето во играта со Нејмар и Килијан Мбапе во нападот, а според Суарез, кој сега е во Атлетико Мадрид, најмногу страда со студеното време.
„Ми кажа дека кога игра на студено, многу страда, посебно сега со снегот. Мораш да се навикнеш да играш на студено, како јас во Премиерлигата. Во Барселона е многу потопло“, вели Уругваецот во интервју за „ТНТ“.