Aнглиските медиуми тврдат дека Евертон ќе се обидат да го привлечат Жозе Мурињо да се врати во Премиерлигата за да го замени Рафа Бенитез, откако на двајцата тренери не им оди најдобро.
Според „Дејли мирор“ и „Сан“, Мурињо би можел да биде убеден да се врати во Англија, каде што последен пат беше менаџер на Тотенхем, откако под Бенитез „карамелите“ освоија само 2 поени во последните осум меча.
Меѓутоа, Мурињо пристигна во Рома пред неколку месеци и има тригодишен договор со италијанскиот клуб, ветувајќи „долгорочен проект“. По одличниот старт на сезоната, ентузијазмот спласна, со дури 8 порази досега, 2 ремија и само 13 победи. Ова го вклучува засрамувачкиот 6:1 пораз од норвешкиот Бодо/Глимт во Конференциската лига на УЕФА и вчерашниот 0:3 пораз од Интер.
Во последните неделни пак, тој почна да се жали на судиите, да зборува против новинарите, и да се жали дека нема поддршка од бордот на клубот.