Top Sport

„Најк“ ги остави Иранците без копачки на Светското првенство

Иранскиот селектор Карлос Квеирош ги нападна спонзорите „Најк“ откако американската компанија одби да им ги достави копачките за Светското првенство во Русија поради сакнциите воведени кон Иран од американскиот претседател Доналд Трамп.

„Санкциите од Белата Куќа значат дека ние како американска компанија, не можеме да им доставиме копачки на фудбалерите во иранскиот национален тим“, се вели во соопштението на „Најк“ .

За среќа, дресовите на Иранците се доставуваат од германската компанија „Адидас“, и тие нема да останат без дресови. Португалецот Квеирош изјави дека ова е скандал.

„Фудбалерите се навикнати на својата спортска опрема и не е исправно да ги менувате на една дела пред толку важен турнир. Бараме од ФИФА да ни помогне со проблемот“, изјави Квеирош по тренингот во Москва.

Scroll to Top