Докторката Вера Рибеиро, сопругата на португалскиот голман Руи Патрисио, ги советува сите фудбалери на Мундијалот во Русија, вклучувајќи го и својот сопруг, редовно да се самозадоволуваат за време на турнирот.
Рибеиро, која е специјалист за сексуална терапија, вели дека тимот кој редовно мастурбира ќе има подобри шанси на успех во мечевите. Таа неодамна објави книга во која се проучуваат сексуалните животи на професионалните фудбалери и не се согласува со тврдењето дека сексот пред натпревар носи потпросечни перформанси на фудбалскиот терен.
„Ништо позитивно не произлегува од апстиненцијата. Фудбалерите не треба да се откажат од сексот бидејќи ниту едно перформанси во спортот не се поврзани со сексот“, вели Рибеиро во својата книга „Прирачник за заведување“, додавајќи дека со секс само може да се намали стресот.