Вашингтон Кепитолс пр пат во историјата ја освоија шампионската титула во северно-американската професионална хокеарска лига, НХЛ. Кепотолс, во финалето, ги завладаа Лас Вегас Најтс со вкупен резултат 4-1. Петтиот меч од серијата му припадна на Вашингтон со 4:3.
Кепотолс одиграа брилијантна серија и со исклучок на првиот меч, во кој беа целосно надиграни, на останатите четири натпревари беа подобриот тим. Голем успех постигна и Ла Вегас, бидејќи во својата прва сезона во НХЛ, успеа да го освои Западот и да влезе во борба за Стенли купот.
Во првата четвртина немаше голови, а во седмата минута од втората третина предност на Кепитолс им донесе Врана. Три минути подоцна израмни Шмид, а веќе во наредниот напад Овечкин ја врати предноста кај Вашингтон.
До крајот на оваа третина хокеарите на Лас Вегас направија пресврт, преку Перон и Смит.
Последната третина им припадна на гостите од Вашингтон, најпрвин Смит-Пели израмни на 3-3, а потоа Елер ги постави конечните 3:4.
МВП титулата му припадна на извонредниот руски репрезентативец Алексеј Овечкин. Тој во плеј-офот постигна 15 гола, нов рекорд на франшизата, а вкупно разигрувањето го заврши со 27 поени.
Earned.@ovi8 is the Conn Smythe Trophy winner as playoff MVP! #StanleyCup pic.twitter.com/ZQpxiSbYHf
— NHL (@NHL) June 8, 2018