Top Sport

Ферстапен дополнително казнет за инцидентот во Џеда

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, доби дополнителна казна, која сепак не го загрози неговиот пласман на трката за Големата награда на Саусиска Арабија. Ферстапен казната ја доби поради инцидентот во 37.круг и контактот со Луис Хамилтон.

Бизарна ситуација му претходеше на инцидентот. Ред Бул му наложи на Ферстапен да му ја препушти првата позиција на Хамилтон. Ферстапен ја намали брзината при што дојде до контакт помеѓу болидите, при што возилото на Мерцедес претрпе оштетување на предното крило.

„Во кривната 21, Ферстапен доби порака да му ја врати позицијата на Хамилтон, тимот му порача тоа да го направи „тактички“. Возилото 33 ја намали брзината во кривината 26. Јасно беше дека ниту еден од возачите не сака да ја преземе првата позиција пред ДРС линијата. Возачот на болидот 33 рече дека не му е јасно зошто возачот на возилото 44 не ја презема водечката позиција, додека возачот на болидот 44 рече дека не бил свесен дека возачот на болидот 33 му ја враќа позицијата и дека не му било јасно зошто тој ја намалил брзината. Одлуката е да се казни возачот на болидот 33 бидејќи одеднаш закочи. Го прифаќаме ставот дека возачот на болидот 44 можеше да го помине возилото 33, разбираме и зошто не сакаше да биде на првата позиција на ДРС линијата. Сепак одлуката да се казни возачот на болидот 33 бидејќи ја намали брзината. Ова е стандардна казна за ваков прекршок“, се наведува во образложението на казната.

Покрај оваа казна ФИА на Верстепн го казни со два бода. Во изминатите 12 месеци Ферстапен е казнет со вкупно седум бодови.

Во последната трка од сезоната Ферстапен и Хамилтон ќе влезат со ист број на бодови.

Scroll to Top