Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, со една своја изјава ја омаловажи победата на Луис Хамилтон во Џеда. Британецот, ја освои Големата награда на Саусиска Арабија пред Макс Ферстапен од Ред Бул и тимскиот колега Валтери Ботас.
Трката во Џеда, беше пропратена со неколку инциденти, казни и луди одлуки на стјуардите. Хорнер, по целиот хаос, го „пецна“ Хамилтон.
„Првиот сектор зависи од возачот, додека за секторите 2 и 3 доволна ви е силата на моторот. Секој може да вози на правец“, рекол Хорнер.
Со оваа победа Хамилтон се израмни со Макс Ферстапен на лидерската позиција во генералниот пласман.
Сезоната во Формула 1, кога ќе биде познат и шампионот, ќе заврши наредната недела во Абу Даби.