Top Sport

Ненадиќ го продолжи договорот со Веспрем

Ракометниот клуб Веспрем објави дека ги продолжил договорите со двајца играчи. Верноста кон клубот ја продолжиле Петар Ненадиќ и Патрик Лигетвари.

Српскиот репрезентативец Ненадиќ ќе остане во Веспрем и во сезоната 2022/2023. Ненадиќ во моментов е повреден, сигурно нема да игра крајот на годината, поради што е неизвесен неговиот настап на Европското првенство.

Ненадиќ во 2018 година од Фуксе Брлин пристигна во Веспрем.

За разлика од Ненадиќ, Лигетвари, потпиша нов двегодишен договор со Веспрем.

Scroll to Top