Top Sport

Ждрепката за европските купови ќе се одржи зад затворени врати

Ждрепката за европските клупски натпреварувања (Лига на шампиони, Лига Европа и Конференциска лига) ќе биде одржан зад затворени врати. УЕФА објави дека претставниците на клубовите нема да бидат присутни на извлекувањето на двојките за нокаут-фазата.

Многу држави воведоа нови мерки поради најновата ситуација со коронавирусот. Патувањата повторно се отежнати поради што УЕФА ја донесе оваа одлука.

Извлекувањето на двојките за нокаут-фазата во европските купови, ќе се одржи во Нион на 13.декември.

УЕФА го смени терминот и за ждрепката за Лигата на нации. Наместо во Монтро на 16.декември, ждрепката за сезоната 2022/2023 ќе се одржи во Нион.

Scroll to Top