Top Sport

Гери Невил го фали Рангник: Сити и Ливерпул не разбија, но тој донесе ред!

Легендата на Манчестер Јунајтед – Гери Невил ја пофали работата на новиот кормилар на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник кој минатиот викенд за првпат беше на клупата на тимот од „Олд Трафорд“.

Невил долг период му даваше поддшка и на претходниот менаџер на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, но признава дека сега, Германецот донесе ред на клупата на тимот од Манчестер.

Прва победа без примен гол на домашен терен по 15 натпревари, против Кристал Палас во Премиерлигата.

„Навистина уживав во натпреварот. Првите 30 минути на мечот беа апсолутно фантастични. Во преостанатиот еден час ја завршивме работата. По мечот размислував како беа добри првите 30 минути, тоа е она што сакаме да го видиме од Рангник и од Манчестер Јунајтед. Тоа е она што фановите на Јунајтед сакаат да го видат“ вели Невил.

Поранешниот дефанзивец од ерата на сер Алекс Фергусон вели дека во последниот период многу се зборуваше за хаосот во одбраната на Јунајтед, но Рангник за кратко време успеа да го реши тој проблем.

„Поминавме 6 или 7 недели зборувајќи за нередот во одбраната. Немаа меч без примен гол во 16 наврати, примаа голови за кои не можеш да поверуваш, дома Сити и Ливерпул не разбија, но и Лестер, Вила и Вилјареал, не кршеа во контранапад. Рангник сака ред. Ред во изведбата. Мислам дека тоа го добивме“ заклучува Невил.

Scroll to Top