Русија и Норвешка покажаа дека ќе бидат меѓу фаворитите за злато на Светското првенство во Шпанија, откако стигнаа до убедливи победи против силни противнички во последното коло од првата фаза на Мундијалот. Истото може да се каже и за француската женска репрезентација.
Русија со 32:22 ја декласираше Србија за да влезе во втората фаза со максимални поени, а таму ќе се вкрстат со трите репрезентации од групата А, Франција, Словенија и Црна Гора. Црна Гора успеа да се држи рамноправно во првото полувреме пред Франција, пред да потфрлат во финишот на мечот.
Норвешка, пак со 33:22 ја декласираше Романија за прво место во групата Ц, каде што покрај овие две репрезентации во втората фаза одат и Казахстан.
СП РАКОМЕТ ШПАНИЈА, 3.КОЛО
ГРУПА А
Ангола – Словенија 25:25 (14:13)
Франција – Црна Гора 24:19 (12:12)
ГРУПА Б
Камерун – Полска 19:33 (7:16)
Русија – Србија 32:22 (15:9)
ГРУПА Ц
Казахстан – Иран 31:25 (14:10)
Норвешка – Романија 33:22 (17:11)
ГРУПА Д
Порторико – Узбекистан 30:24 (14:12)
Холандија – Шведска 31:31 (17:18)