Top Sport

Ѕвездата на Валјадолид се удри во таксист, клубот остро го осуди

Реал Валјадолид го предупредија својот еквадорски напаѓач Гонзало Плата дека го очекува дисциплинска постапка и остра казна откако вчера наутро направи хаос во центарот на градот возејќи во алкохолизирана состојба.

22-годишниот Плата во вторникот наутро удрил во такси, а тестот на алкохол покажал дека имал двојно поголема доза на алкохол во крвта од дозволеното. Шпанските медиуми тврдат дека тој бил во придружба на уште еден неименува фудбалер на Нумансија.

Второлигашот Валјадолид, кои се во сопственост на бразилската фудбалска легенда Роналдо, имаа остро соопштение за јавноста.

„Реал Валјадолид го осудува однесувањето на својот фудбалер Гозало Плата, кој според информациите имаше сообраќајна несреќа во центарот на градот. Жалиме за повредените луѓе во несреќата, кои за среќа се во добра состојба. Клубот го резервира правото да поднесе дисциплински постапки кон фудбалерот. Без разлика на индивидуалната одговорност на фудбалерот, нашите правила се стриктни за вакво однесување. Ја користиме оваа прилика да потсетиме на опасноста од конумирањето алкохол и други супстанции кога се вози“, велат во клубот.

Плата е фудбалер на Спортинг Лисабон и е на позајмица во Валјадолид. Тој постигна четири гола за својот тим оваа сезона и беше поврзуван со трансфер во Премиерлигата.

Scroll to Top