Top Sport

Ирачкиот „двојник“ на Мо Салах ужива во неочекуваната слава (видео)

Ирачкиот фудбалер Хусеин Али, кој неверојатно наликува на ѕвездата на Ливерпул и на египетската репрезентација Мо Салах, признава дека добива барања за селфи секој ден и многумина му посакуваат брзо опоравување од повредата на рамото.

Али, кој игра за ирачкиот клуб Ал Завра, вели дека не е задоволен само што личи на Салах, туку и посакува да ги има неговите квалитети.

„Играме на иста позиција и се обидувам да го копирам неговото движење и потезите. Тој исто така го чита куранот и се моли пред секој меч“, открива Али.

Тој очигледно толку ужива во сличноста со Салах, што дури си купил дрес од Ливерпул.

„Кога игравме со либанскиот клуб Ал Ахед, луѓето се фотографираа со мене час и пол. Пред неколку дена во еден мол, сите сакаа фотографија со мене. Дури и девојките“, додава Али.

Scroll to Top