Top Sport

Надал бргу го „реши“ и Делпо, само уште Тим на патот до 11-тата титула

Рафаел Надал ќе се бори за својата 11. титула од Ролан Гарос, откако полесно од очекувањата со 6:4/6:1/6:2 го совлада аргентинскиот ас Хуан Мартин дел Потро, и сега во неделното финале ќе се сретне со Австриецот Доминик Тим, кој претходно го победи италијанското изненадување, Марко Чекинато.

Шпанецот се израмни со својот вечен ривал, Роџер Федерер со 11-тото финале на Ролан Гарос, откако Швајцарецот имаше толку финалиња на неговиот омилен Вимблдон.

„Ако не си фокусиран на љубовта и страста кон тенисот, би било тешко да се игра толку добро тука. Не сакам да размислувам на финалето, туку сакам да се опуштам и да уживам во овој момент за уште едно голем финале на овој прекрасен турнир. Доминик е одличен тенисер и неговата игра е многу подобрена, така што ќе морам да го извлечам најдоброто во недела“, изјави Надал.

Во женското финале во Париз, утре ќе се сретнат Романката Симона Халеп и Американката Слоун Стивенс.

Фото: ЕПА

Тим лесно против Чекинато за прво гренд слем финале

Scroll to Top