Top Sport

Крај на сезоната за ветеранот Јансурд

Норвежанецот Кјетил Јансурд ја заврши сезоната поради повредата на лигаментите. Јансурд се повреди на трката во Супер-џи, во Бивер Крик.

Јансурд деновиве ќе биде опериран, рехабилитацијата ќе трае од шест до девет месеци. Норвежанецот ќе ги пропушти Зимските олимписки игри во Пекинг.

Со оглед на тоа дека има 36 години можно е тој да стави и крај на кариерата.

Во досегашната кариера, најголемите успеси на Јансурд се златните медали на Олимпијадата во 2014 година, во Супер-џи и на Светското првенство во 2019 година во спуст.

Зимските олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4. до 20.февруари 2022 година.

Scroll to Top