Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, се наоѓа на листата на највлијателните Европејци. На листата кој традиционално ја објавува „Политико“, има 28 луѓе од политиката и шоу-бизнисот. Меѓу другите на оваа листа се најдоа новиот германски канцелар, Олаф Шолц и претседателката на Европската унија, Урсула фндер Лејен.
Чеферин местото на листата си го заслужи со улогата што ја имаше во осуетувањето на идејата за основање на Европската Суперлига и спротивставувањето на идејата на ФИФА, Светските првенства да се одржуваат на секои две години.
„Успеа да им застане на патот на најмоќните клубови и да ја запре нивната идеја за формирање на Супер лигата. Таа идеја тој ја нарече „себична и срамна“. Сега се бори против ФИФА и нејзината идеја СП да се играат на секои две години“, стои во образложението на „Политико“.