Top Sport

Јалчин го напушти Бешикташ

Серген Јалчин повеќе не е тренер на фудбалерите на Бешикташ. Јалчин претпладнево поднел оставка на функцијата. Бешикташ се наоѓа во серија од осум порази, во сите натпреварувања.

Јалчин, минатата сезона, со Бешикташ ги освои првенството и купот на Турција, но оваа сезона работите се сменија. Во Лигата на шампионите турскиот тим не освои ниту еден бод, а во домашното првенство се наоѓа на деветтото место.

Клупската управа како привремен тренер го назначи предводникот на младинскиот тим, Ореден Каравли.

Scroll to Top