Top Sport

Кимих нема да игра до крајот на годината

Јошуа Кимих ќе се врати во тимот на Баерн на почетокот на 2022 година. Играчот од редот за врска, четири недели не е во тимот поради коронавирусот. Кимих има јасен став дека не сака да се вакцинира.

Баерн не сакаат да ризикуваат со Кимих, ќе им биде потребен за вториот дел од сезоната, поради што решија тој да не игра до крајот на годината.

„Конечно, во средата, ми заврши карантинот. Се чувствувам добро. Имам голема желба да им се приклучам на соиграчите. Сепак ќе морам да бидам трпелив. Не ми е дозволено да го користам целиот капацитет на белите дробови. Последните три натпревари во оваа година ќе ги гледам од дома. е надевам дека во јануари повторно ќе бидеме заедно“, напишал Кимих на „Инстаграм“.

Scroll to Top