Top Sport

„Вернер е како слеп коњ, ќе си заминам ако уште еднаш го споредите со Ван Перси“

Челси, синоќа во 94.минута му го препушти првото место, во Г-групата, на Јувентус. Актуелните европски шампиони, одиграа 3:3 против Зенит, во Санкт Петербург.

Тимо Вернер со два гола и асистенција беше прво има на натпреварот.

За холандската телевизија „Зиго спорт“, натпреварот го анализираше Рафаел ван дер Варт. Поранешниот играч на Ајакс, ХСВ и Реал бурно реагирал кога водителот констатирал дека вториот гол на Вернер, во 85.минута, бил во стилот на Робин ван Перси.

„Доколку уште еднаш го споредите Вернер со Ван Перси ќе го напуштам студиото“, рекол Ван дер Варт и дополнил.

„Вернер трча како слеп коњ. Таков беше во Бундес лигата, таков е и сега. Се кај него делува диво, слепо…Повеќе очекувам од фудбалер за кого се платени големи пари. Вернер е посебен, но не постигнува голови. Негова среќа е што е брз, во спротивно ќе беше просечен фудбалер“.

Scroll to Top