Top Sport

Лајпциг има нов тренер

Фудбалскиот клуб Лајпциг ја официјализираше соработката со тренерот Доменико Тедеско. 36-годишниот Тедеско доаѓа на местото на Џеси Марш, кој доби отказ поради лошите резултати во Бундес лигата.

Тедеско и Лајпциг договориле соработка до 30.јуни 2023 година.

Доменико Тедеско претходните две сезони го предводеше Спартак од Москва. Го раскина договорот со рускиот клуб поради пандемијата на коронавирусот, со образложение дека сака да биде со своето семејство.

Во Бундес лигата бележеше добри резултати со Шалке, се до натпреварот со Манчестер сити во 2019 година, кога доживеа пораз од 7:0. По тоја пораз Шалке му врачи отказ.

Тедеско ќе дебитира на клупата во сабота, против Борусија Менхенгладбах.

Scroll to Top