Тектонски промени се очекуваат Барселона, веќе во зимскиот преоден рок. Ова е последица на елиминацијата од Лигата на шампионите. Барселона прв пат по 2000 година нема да биде дел од нокаут-фазата.
Клубот има трансфер листа, на која се Самуел Умтити, голманот Нето, Филипе Кутињо, Лук Де Јонг, Усман Дембеле ако не го продолжи договорот, Сержињо Дест и Оскар Мингеза, доколку за нив клубот добие добри понуди.
Новинарот Џерар Ромеро тврди дека Чави е подготвен да се откаже од недопирливите Марк-Андре тер Штеген и Френки Де Јонг. Според овој извор, во Барселона за Тер Штеген би прифатиле 40.000.000 евра, а за Де Јонг дупло поголема понуда.
Формата на овие двајца оди по надолна линија. Тер Штеген долго време бранеше повреден, летото имаше операција, но откако се врати во тимот не е на нивото од претходните сезони.
Истото важи и за Де Јонг, кој е еден од најстандарните играчи во Барселона.