Со сите лоши, непријатни и луди работи кои се случуваат во светот, убаво е од светот на фудбалот да се чуе и нешто пријатно, овојпат благодарение на фудбалскиот клуб Ливерпул и посветеноста кон своите фанови.
Во партнерство со „Нивеа“, Ливерпул организираат серија „Драг Ливерпул ФЦ“, за директен контакт со фановите, и во најновата епизода се случи емотивна средба помеѓу Либи Букер и Итан Бекли. Семејството на Либи напиша писмо до клубот барајќи да направат нешто „неверојатно“ за Итан, кој помогна при транспантацијата на коскена срж за таа да оздрави од леукемија.
На Либи и бил дијагностициран ракот на 13 години, а по хемотерапија, две години подоцна тој се вратил, пред Итан да ја донира коскената срж за нејзината операција. Бидејќи претходно се договарале со пораки и таа знаела за неговата љубов кон Ливерпул, тие решиле да се сретнат на „Енфилд“.
Пријатното изненадување кое го приреди клубот е тоа што со него беше голманот Алисон Бекер, а тука беа и ВИП-билетите за следниот меч на „црвените“. Во исто време „Нивеа“ помогна така што и плати стипендија на Либи за една година.
Фудбалот носи и убави приказни, нели?
Libbie was diagnosed with leukaemia as a teenager. Her only chance of a cure was a stem cell transplant, which Ethan provided ❤️
Ethan, a huge Red, is surprised by @Alissonbecker and meets Libbie for the first time ❤️
An emotional Dear Liverpool FC, presented by @NIVEAMENUK… pic.twitter.com/NNDELZfUBH
— Liverpool FC (@LFC) December 9, 2021