Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Антони Марсијал бара начин да стави крај на кариерата на „Олд Трафорд“ и побарал да си замине веќе во јануари, потврди неговиот агент.
Французинот е „замрзнат“ оваа сезона во Јунајтед, со само 2 старта во 15 меча во Премиерлигата и уште 5 во кои влегол како замена. 26-годишниот Марсијал исто така има само 67 минути во Лигата на шампионите, со еден старт на гости кај Вилјареал. Неговиот агент, Филип Ламболе за „Скај њуз“ призна дека тој сака да замине.
„Антони сака да си замине од клубот од јануари. Потребно му е да игра. Не сака да остане подолго во ваква ситуација и наскоро ќе зборуваме со клубот за како да се реализира тоа“, вели Ламболе.
Се верува дека Марсијал не е во плановите на преодниот менаџер на клубот, Ралф Рангник, а се верува дека за него се заинтересирани и Барселона и Јувентус, но италијанскиот клуб само ако не успее да го донесе Душан Влаховиќ.