Top Sport

Кога ќе ти дојде преку глава – фудбалер му покажа жолт на својот ривал!

Од Колумбија ни доаѓа најдоброто кратко видео овој месец, откако дефанзивецот Марлон Торес реши дека му дојде преку глава и му покажа жолт картон на својот ривал.

Америка де Кали стигнаа до 2:1 победа над Алијанца петролера, со гол во 97. минута, по што следуваше проверка преку ВАР системот. Фудбалерите на Алијанца протестираа, по што судијата реши да му покаже жолт, картон, но тој му излета. Наместо тоа Торес го крена картонот и му „помогна“ на судијата.

Секако, ова веднаш стана хит на социјалните мрежи.

Scroll to Top