Романката Симона Халеп (26) го симна проклетството и по три неуспешни обиди успеа да ја освои првата гренд слем титулата во кариерата. Првата носителка победи на Ролан Гарос, откако во финалето ја победи Американката Слоан Стивенс. Претходно, Халеп, запиша два порази на Ролан Гарос, а во јануари годинава не успеа и во финалето на Австралија опен.
Халеп за нешто повеќе од два часа игра, со пресврт, успеа да ја победи десеттата носителка Стивенс со 3:6, 6:4, 6:1. Халеп денс стана втората Романка, по Вирџинија Ружичи во 1978 година, што успеала да го освои титулата на Ролан Гарос.
Романката имаше проблеми во првиот сет, во кој Стивенс ја диктираше играта и максимално ги користеше сите грешки на Романката. Една брејк топка, што Стивенс ја имаше во четвртиот гем, се окажа како решавачка за сетот да и припадне на Американката.
Стивенс со брејк го отвори вториот сет, потоа стигна и до 2-0, но следуваше фуриозен период на Халеп која доби четири гема во низа, а потоа во десеттиот гем со брејк израмни во сетови на 1-1.
Во третиот сет играта на Американката целосно се распадна, Халеп целосно доминираше и експресно за половина час го реши сетот и стигна до најголемата победа во својата кариера.