Top Sport

Јувентус се сопна во Венеција

Фудбалерите на Венеција и Јувентус одиграа 1:1, во 17 коло, во Серија А. Јувентус по серијата од три победи без примен гол, не успеа го освои целиот плен во Венеција. „Страта дама“ остана на шестото место на табелата со два бода помалку од Фиорентина. Венеција е на 16.место со 16 бода.

Јувентус до предност дојде со голот на Мората во 32.минута. Голот не ги исплаши домашните играчи, кои успеаја да изедначат во 55.минута преку Араму.

До крајот играчите на Јувентус не успеаја да направат ниту една шанса за гол.

Scroll to Top