Top Sport

Франција во финишот го скрши отпорот на Србија

Актуелните олимписки шампионки, ракометарките на Франција, изборија пласман во четврт-финалето на Светското првенство во Шпанија. Француските ракометарки, во драматичен натпревар, ја победија Србија со 22:19 (9:12).

Спротивно на сите прогнози, Србија успеа да квалитено да и се спротивстави на Франција. Србинките имаа три гола предност по првото полувреме и беа во егал до последните две минути, кога Ноканди со два гола го реши победникот.

Зади со шест гола ја предводеше Франција, кај Србија се истакна голманката Рисовиќ со 13 интервенции, најефикасна беше Радјевиќ со четири гола.

На табелата во Групата 1 Франција има осум бода, еден повеќе од Русија, Србија остана на четири, следуваат Словенија со три, односно Црна Гора и Полска кои се без бодови.

Scroll to Top