Украинскиот боксер Василиј Ломаченко во Њујорк имаше фантастична борба против Ричард Комеј.
Двојниот олимиски победик од Украина доинираше уште од стартот на борбата. Комеј првите три рунди се носеше со противникот, но во продолжение „паѓаше“ се повеќе во ритамот.
Во седмата рунда се случи необична ситуација. Ломаченко со лево кроше го испрати противникот на подот, но веднаш што противникот се исправи – Ломаченко запре, не сакаше да го „дотолчи“ разнишаниот противник туку бараше од тренерите на Комеј да го предадат мечот и да го спасат боксерот.
Тие не го послушаа Украинецот и Комеј издржа до 12 рунда. Сепак Ломаченко славеше со одлука на судиите и тоа преубедливо – (119-108, 119-108, 117-110).
Следна цел на Ломаченко е напад на титулата светски шампион во лесна категорија. Во кариерата има 17 победи и само 2 порази.
Lomachenko asking his opponent corner to stop the fight. #LomaCommey #lomachenko #LomachenkoCommey pic.twitter.com/wn2hlxQeIh
— Fighting Gist (@FightingGist) December 12, 2021