Top Sport

Навивачите на Легија провалиле во клупскиот автобус и ги нападнале фудбалерите

Навивачите на Легија ги нападнале фудбалерите по поразот од Плоцк (1:0), во 18.коло, во шампионатот на Полска.

Навивачте на клубот од Варшава, по натпреварот во Плоцк, го следеле автобусот на патот до тренинг-центарот, а потоа со примена на сила влегле во него и ги нападнале фудбалерите.

Полските медиуми објавија дека неколку играчи се здобиле со повреди на главите. На местото на настанот за кратко време пристигнала полицијата.

Најтрофејниот клуб во Полска, се наоѓа во катастрофална форма. На последните 15 натпревари тимот забележал 12 порази.
Легија на табелата се наоѓа на делба на последната позиција со екипите на Термалице и Варта Познањ.

Scroll to Top