Тајсон Фјури се врати во рингот, по пауза од две и пол години, со победата над Сефер Сефери во Манчестер.
Поранешниот светски шампион, кој во ноември 2015 година го победи Владимир Кличко, се врати по повеќегодишната борба со депресијата, дрогите и суспензиите. Пред 20 дена светот дозна дека негов противник ќе биде албанскиот боксер роден во Гостивар.
Фјури доминираше од почетокот на мечот, до крајот на четвртата рунда, по која Сефери повеќе не можеше да се врати во рингот.
Иако победи Фјури не импресионираше премногу со својата борба, а наредниот меч го најави за август во Белфаст.