Top Sport

Скандалот продолжува – УЕФА ќе ја повтори ждрепката за ЛШ

УЕФА, повторно ќе ги извлече осмина-финалните двојки во Лигата на шампионите.

Ждрепката која започна точно на пладне во Нион, ја проследија две аматерски грешки на луѓето од УЕФА.

Најпрвин Виљареал за противник го доби Манчестер јунајтед. Според правилата дуелот на овие два тима не беше возможен, бидејќи играа во групата. Наместо Јунајтед, Виљареал за противник го доби Манчестер сити.

Веднаш потоа следуваше уште еден голем кикс. Атлетико Мадрид го чекаше противникот, од садот требаа да бидат тргнати Реал, бидејќи не може два тима од иста земја да играа во оваа фаза и Ливерпул со кого „јорганџиите“ играа во групата.

Наместо тоа покрај Реал беше тргнато топчето со името на Манчестер јунајтед, а остана она со името на Ливерпул.

На крајот Атлетико го доби Баерн, а ПСЖ за противник го доби Манчестер јунајтед.

По завршувањето на ждрепката жалби до УЕФА упатиле шпанските клубови. Атлетико и Виљареал побарале ждрепката да биде повторена, додека Реал ја поддржуваат оваа идеја но само доколку бидат изземени тие.

Првата двојка која беше извлечена е Бенфика-Реал.

„Екип“ тврди дека новата ждрепка ќе биде извршена во 15 часот.

Scroll to Top