Флуминенсе потврдија дека 38-годишниот Фелипе Мело е нивното ново засилување, откако претходните пет години играше во Палмеирас, со кој освои две титули во низа од Копа Либертадорес.
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер и Галатасарај, ќе го носи бројот 52, за одбележување на трофејот на Копа Рио на клубот во 1952 година.
„Јас сум човек кој е лојален кон тие кои се лојални кон мене, кои ми даваат шанси. Сега, мојата лојалност кон Флуминенсе е целосна, клуб кој ми дава шанса. Можам да им ветам на навивачите дека ќе се постветам целосно, и дека дресот на Флуминенсе за мене сега е втор кожа“, вели Мело.
Фудбалерот од средниот одигра и 22 натпревари за бразилската репрезентација, со која го освои Купот на Конфедерации и беше дел од тимот на Дунга кој на СП во 2010 година стигна до четврт-финалето, кога доби црвен картон на мечот со Холандија и во својата татковина беше критикуван како главен виновник за елиминацијата.
PODE SOLTAR O RUF RUF, TORCIDA TRICOLOR! O @_felipemelo_ chegou! ?? pic.twitter.com/VtQs8VaReV
— Fluminense F.C. (@FluminenseFC) December 13, 2021