Top Sport

Медведев: Некој месец ќе заработиш 3 милиони, некој ниту 50.000

Светскиот рекет број 2, Данил Медведев вели дека има месеци во годината во кои може да заработи и до 3 милиони долари, но дека исто така има времиња во кои не може да стигне ниту до 50.000 долари.

Русинот вели дека во тенисот се заработуваат „добри“ пари, но додава дека и трошоците кои ги имаат тенисерите не се за занемарување.

„Да бидам искрен, има месеци во кои можеш да добиеш до 3 милиони долари. Ако, на пример освоиш гренд слем. Но, некој месец не стигнуваш ниту до 50.000 долари. А трошоците се фиксни, посебно за оддржување на тимот околу тебе. Тука е тренерот, физичкиот тренер, понекогаш доктор и физиотерапевт, а тоа не е лесно, бидејќи им плаќаш билети, сместување, и секој има своја плата и процент според перформансите. Да, можеш да патуваш без тим или тренер, но тогаш нема да стигнеш до посакуваните резултати“, вели Медведев.

Scroll to Top