Top Sport

Фаљи Рамадани под истрага на италијанската полиција

Италијанската финансиска полиција во понеделникот направила рација во објектите на славните фудбалски агенти, тетовецот Фаљи Рамадани и неговиот италијански колега Пјетро Киоди како дел од истрагата за низа „сомнителни“ трансфери.

Обвинителите исто така побарале 11 клубови, меѓу кои Јувентус, Торино, Милан, Интер, Верона, Фиорентина, Каљари, Рома и Наполи да предадат документација за случајот, со обвиненија за перење пари и даночно затајување, тврди новинската агенција „АНСА“.

Помеѓу трансферите кои се најсомнителни е тој на Италијанецот Федерико Киеза од Фиорентина во Јувентус во 2020 и на репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ и трампата Јуве-Барселона за Артур Мело.

Рамадани последните години стана најпознатиот агент за фудбалот од источна Европа преку неговата компанија „Примус консалтинг“, а меѓу неговите клиенти се и Калиду Кулибали од Наполи, тренерот на Лацио, Маурицио Сари и фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ.

Фаљи Рамадани – тетовецот кој „владее“ во српскиот и хрватскиот фудбал

Ел Паис: Менаџерот Рамадани „испрал“ 10 милиони евра

Scroll to Top