Top Sport

Одложен натпреварот Манчестер јунајтед-Брентфорд

Пет минути пред полноќ Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го одложи натпреварот Манчестер јунајтед-Брентфорд.

Манчестер јунајтед е еден од клубовите со најмногу заразени од коронавирусот.Одлуката на ФА е очекувана.

Проблемите во клунот се јавија во неделата, но Ралф Рангник успеа да одработи еден тренинг, со играчите чии тестови беа негативни. Во понеделникот, проблемот доби нова димензија, фудбалерите останаа во тренинг-центарот за да не се шири вирусот.

Манчестер јунајтед, без да потврди колкумина се заразени, потврди дека натпреварот е одложен.

ФА го одложи натпреварот на барање на клубот. Новиот термин ќе биде дополнително одреден.

Scroll to Top