Top Sport

Милвоки немоќни пред Тејтум, Луни ја реши драмата во Индијанаполис

Бостон Селтикс ги победија актуелните шампиони Милвоки Бакс 117:103, ЛА Клиперс славеа против лидерот Финикс 111:95, а Голден стејт Вориорс со поените на Кевон Луни победија во Индијанаполис 102:100.

Џејсон Тејтум го одигра најдобриот меч од почетокот на сезоната, ги предводеше Селтикс со 42 поени, пет скока и четири асистенции. Уште четворица играчи на Бостон постигнаа двоцифрен број на поени.

Селтикс усеаја да го задржат најдобриот играч на Милвоки, Јанис Адетокумбо на 20 поени, колку што постигна и Џру Холидеј.

Дербито се одигра во Лос Анџелес, Клиперси и Финикс беа без најдобрите играчи По, Џорџ и Каваи Ленард, осносно Девин Букер и Диандре Ејтон. Клиперси убедливо славеа 111:95.

Маркус Морис постигна 24, Реџи Џекосн 19, а Кендрик Мен 17 поени. Кен Џонсон со 17 поени го предводеше Финикс.

Голден стејт во драмтичен меч славеа победа кај Индијана Пејсерс 102:100. Победникот го реши центрот Кевон Лун на 2,2 секубди до крајот. Индијана не успеа да победи и покрај тоа што имаа предност во текот на целиот натпревар.

Стеф Кари постигна 26 поени, Дрејмонд Грин 15, а Луни 14 поени. Домантас Сабонс со 30 поени 11 скокови ја предводеше Индијана.

Резултати: Кливленд-Мајами 105:94, Торонто-Сакраменто 124:101, Атланта-Хјустон 126:132, Мемфис-Филаделфија 126:91, Далас-Шарлот 120:96. Денвер-Вашингтон 113:107.

Scroll to Top