Top Sport

Кавани побарал трансфер

Единсон Кавани, во зимскиот преоден рок, ќе се обида да ја исправи грешката што ја направи кога ја прифати понудата на Оле Гунар Солскјер да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед.

Плановите кои Солскјер ги имаше со Кавани пропаднаа во истиот момент кога Кристијано Роналдо се врати на „Олд Трафорд“. Уругваецот е еден од играчите кои најмалку играат од актуелниот состав на „црвените ѓаволи“.

Претпладнево „Тајмс“, објави дека Кавани ја соопштил одлуката дека сака да го напушти клубот.

Според овој извор, Кавани имал желба да го облече дресот на Барселона. Доколку Јунајтед му дозволи да замине во јануари, Барселона ќе мора да плати одредена сума за ветеранот, во спротивно Кавани ќе треба да почека до завршувањето на сезоната кога како слободен играч ќе може да замине од „Олд Трафорд“.

Кавани во кариерата играл за Данубио, Палермо, Наполи и ПСЖ.

Scroll to Top