Top Sport

Џокерот на Јирген Клоп ќе го напушти „Енфилд“

Еден од хероите на Ливерпул, во сезоната кога „црвените“ победија во Премиер лигата и Лигата на шампионите, творецот на епскиот пресврт против Барселона, Дивок Ороги (26), во јануари ќе го напушти клубот.

„Тутомеркато“, тврди дека Белгиецот добил дозвола од менаџерот Јирген Клоп да с бара нов клуб.

Ориги, поради силната конкуренција во нападот, никогаш не успеа да се избори за место во пrвиот тим и покрај тоа што секогаш маkсимално ги користел шансите кои ги добивал од Клоп.

Милан и Аталанта ќе се тркаат за потписот на Ориги.

Белгиецот, чии договор истекува по завршувањето на сезоната, во Ливерпул е од 2014 година, кога за сума од 12.000.000 евра пристигна од Лил.

Scroll to Top