Легендарниот тенисер Роџер Федерер по повеќе од една деценија ќе ја прекине соработката со „Најки“ и во иднина ќе ја носи опремата на „Уникло“, објавија швајцарските медиуми.
Според овие извори, Федерер, веќе на Вимблдон ќе се појави во опремата на овој јапонски производител на спортска опрема.
„Уникло“ на голема врата во светот на спортот влезе со успешната соработка со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Финансиските детали од договорот не се објавени, само се наведува дека „Уникло“ и Федерер ќе потпишат десет годишен договор.
Федерер од „Најки“ добиваше 10 милиони долари годишно и тоа беше еден од најголемите договори во светот на спортот.
Швајцарските медиуми тврдат дека неговиот договор со „Најки“ завршил на 1.март 2018 година.
Бидејќи Федерер во август оваа година ќе наполни 37 години, јасно е дека неговата соработка со „Уникло“ ќе продолжи и откако ќе ја заврши кариерата.
Швајцарецот, досега во кариерата, само од турнирските награди зарботил 116.222.182 милиони долари.