Top Sport

Италијанската финансиска полиција го истражува работењето на менаџерот Рамадани

Финансиската полиција во Италија ги истражува трансферите кои ги реализирал еден од најпознатите менаџери во истошниот дел од Европа, Фали Рамадани. Во истргата се вклучени двете клубови од Серија А и два од Серија Б. Инспекторите влегле во овие клубови за да ги соберат сите неопходни податоци.

Рамадани е обвинет за неплаќање данок и за перење пари. Медиумите објавија дека дел од истрагата е трансферот на Калиду Кулибали во Наполи и продолжувањето на договорот на Маурицио Сари со овој клуб.

Подоцна листата е проширена, предмет на истрагата станаа и трансферите на Миралем Пјаниќ во Барселона, односно Федерико Кијеза во Јувентус, како и потпишувањето на новиот договор на Самир Хандановиќ со Интер.

Најновите информации од Италија говорат дека се истражуваат и трансферите на четворица хрватски фудбалери.

За финансиската полиција, сомнителни биле договорите на Анте Ребиќ со Милан, Никола Калиниќ со Рома, а потоа и со Верона, односно трансферите на Карло Бутиќ во Торино и Лоренцо Шимиќ во СПАЛ.

Важна напомена е дека клубовите не се предмет на истрагата. Се истражува само работењето на Рамадани и неговиот соработник, Пјетро Чиоди.

Scroll to Top