Top Sport

Историски договор за Ла Лига

Ла Лига постигна договор во врска со телевизиските преноси на натпреварите во Шпанија и Андора, од сезоната 2022/23 до сезоната 2026/27.

Компаниите „Мовистар“ и „ДАЗН“, за пет години на Ла Лига ќе и платат 4,95 милијарди евра.

Изминатите месеци неколку компании покажаа сериозен интерес за преносите на натпреварите во Ла Лига. Многу понуди биле одбиени, познато е само дека Ла Лига постигна одличен договор за преносите во САД, Мексико и Јужна Америка.

Нвиот пакет ќе овозможи и клубовите да добијат многу повеќе пари од ТВ-права, а исто така Ла Лига ќе им биде достапна на поголем број фудбалски фанови.

Scroll to Top