Top Sport

Феликс не е на продажба

Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо, стави точка на шпекулациите дека клубот ќе го продаде Жоао Феликс во зимскиот преоден рок. Португалецот е најскапиот фудбалер во историјата на „јорганџиите“, Атлетико во 2019 година за него издвои 126 милиони евра.

Кариерата на Феликс во Атлетико не е неуспешна, но факт е дека досега клубот не го доби она што го очекуваше од него.

Во освојувањето на шампионската титула придонесе со седум гола и исто толку асистенции.

Поради операцијата на зглобот, во новата сезона влезе подоцна, а кога влезе во посакуваниот ритам повторно се повреди.

„Феликс не е на продажба. Тој има само 22 години, сметам дека се уште не го покажал вистинскиот потенцијал. Ќе му дадеме време“, рекол Серезо.

Сепак шпанските медиуми не му веруваат на Серезо, убедени се дека Феликс ќе биде продаден во случај клубот да добие понуда што не се одбива.

Scroll to Top